TOMOTHERAPY

ТОМОТЕРАПИЈА

 НАЈСОВРЕМЕНА ТЕХНИКА ВО РАДИООНКОЛОГИЈАТА!

Станува збор за најнапреден систем на ефикасно лекување на рак, каде со употреба на три важни активности се спроведува најпрецизно, таргетирано радиоонколошко зрачење на туморските маси во телото.

1.      ПЛАН НА ЛЕКУВАЊЕ
- Обезбедува најпрецизно планирање на лекување, каде се прават точни и прецизни проценки за спроведување на зрачење.

2.     
2.IGRT (IMAGING GUIDED RADIOTHERAPY- ВИЗУЕЛНО КОНТРОЛИРАНА РАДИОТЕРАПИЈА)

- Пред секое зрачење се спроведува прецизно таргетирање на туморската маса, овој тип на третман овозможува адаптација на зрачењето доколку туморската маса се намали, да повторно се намали и регијата на зрачењето. Оваа функција дополнително овозможува спроведување на третман на помали површини, без да се озрачи околната регија.

3.IMRT –( INTENSITY MODULATED RADIOTHERAPY TRЕТМАНТ – АДАПТАЦИЈА НА ИНТЕНЗИТЕТ НА РАДИОТЕРАПИСКИ ТРЕТМАН)
Со овој тип на зрачење, интензитетот на зрачењето е комплетно насочен кон туморската маса со комплетна задршка на радиотераписките зраци и комплетна заштита на околното здраво ткиво.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА АПАРАТОТ:
Овој тип на апарат е сличен по изглед на компјутерската терапија.
При спроведување на третманот, томотерапискиот прстен , се врти и од сите агли прави снимки кои прецизно ја одредуваат локацијата на туморската маса, и при секое детектирање на туморот со слика, во истата секунда се спроведува зрачење.
Спроведувањето на различни дози, од различни агли, со различен интензитет, обезбедува третман со кој максимално се озрачува туморската маса, а комплетно се избегнува здравото ткиво.
Во кратки црти, ефективноста на озрачувањето е 100% само на туморската маса.

 

 

 

 

ЗОШТО ТОМОТЕРАПИЈА???
- 100% прецизност на озрачување на туморската маса, со прецизна детекција, можност за зрачење со највисок интензитет.
- Заштита на околно здраво ткиво, поради што нема последици.
- Можност за дополнителни последоватени зрачења доколку е потребно
, и во ситуации каде обичната радиотерапија веќе не може да се спроведе.
-- Можност за спроведување на зрачење во повеќе од една регија за време на 1 сесија што практично е невозможно со обичната радио терапија.
ТОМОТЕРАПИЈА ЗНАЧИ ПРЕЦИЗНОСТ- ЕФЕКТИВНОСТ- БЕЗБЕДНОСТ