ПЕТ СКЕН ЦЕНТАР

ПЕТ ЦТ

Рана дијагностика е прв чекор до позитивен третман.

Проценка на пациентот

Пациентите испратени за третман во нашата установа или оние кои индивидуално доаѓаат се подвргнати на испитувања од нашите Радиолози-Онколози и вклучуваќи ги и нивните лабораториски резултати, радиолошки испитувања, операции, патогенеза, се земаат на евалуација. Кога ќе се донесе одлука кој од третамните е соодветен за неговата проблематика, пациентот е информиран и започнуваат припремите пред третман.

 

 

Единствен правилен пристап во лекување на КАНЦЕРОТ е прецизно дијагностицирање и следење на ефектот од спроведеното онколошко лекување.

Тоа е Позитрон Емисиона Томографија која произведува тридимензионални слики или слики на функционалните процеси во телото. Овој тип на скенирање на тело завзема широка употреба во онкологијата како и во многу други медицински области.

ПЕТ скенирањето е неинвазивна метода која Санте центарот за онкологиа ви ја нуди на располагање.


ПЕТ/ЦТ е едно од најефективните дијагностички техники достапни денес.

-дијагностицирање на тумори во онкологијата

-одредување на степен на проширеност на туморот

-диференцијација на бениген од малиген тумор

-најефективно планирање на третман за лекување

-контрола при апликација на терапија

-ефективност од третманот

ПЕТ или позитрон емисионата томографија ја презентира метаболната активност во органите и ткивата, а ЦТ или компјутерската томографија дава детални информации за анатомијата на човечкото тело.