МЕДИЦИНСКИ ТУРИЗАМ

Групацијата на Болници Санте Плус на Балкан започнува со активности во 2010 година, прво во Македонија, Косово, Албанија, Србија, Босна и Црна Гора.

Активностите започнуваат со спроведување на медицински туризам, со цел да пациенти кои не може да се лекуваат во својата земја, заминат на лекување во Турција, во Санте Плус Групацијата на Болници.
Овој проект поддржан од Министерство за Економија на Р. Турција, овозможува отварање на репрезентативни канцеларии кои ги претставуваат болниците во Турција, а каде пациенти може да се обратат за бесплатна консултација на основ на нивната претходна медицинска документација, таа документација се испраќа во Санте Плус Турција до доктор задолжен за конкретна медицинска бранша кој на основ на истата дава второ мислење и предлог за лекување доколку истото е возможно. 
Предлогот за лекување секогаш има вклучено иницијали  испитувања за да може да се потврди состојбата на пациентот, потоа содржи предлог на лекување, денови на хоспитализација и пакет цена која за пациентот ги покрива сите трошоци.
За пациентот се обезбедува повратен авионски билет, превоз од аеродромот до болница, преведувач на мајчин јазик, како и комплетен медицински третман за време на престојот.  За да пациентот се чувствува по пријатно болницата обезбедува и можност за придружба на член од семејството близок на пациентот, чии трошоци повторно ги сноси болницата.
Тенденцијата на пациенти кои патуваат во Турција е во основа од областа на неурохирургијата, онкологија и радиохирургијата.
Медицинскиот туризам не е конкурентен на здравствените услуги  кои се пружаат во Македонија, наротив е комплементарен и се спроведува за типови на третмани кои не можат да се спроведат во Македонија.
За се што здравството во Македонија и на регионот е во состојба да го спроведе во матичната земја пациентите добиваат предлог да се обратат, кај својот матичен доктор кој потоа ќе ги насочи кон останатите институции во Македонија кои истиот че го згрижат и понудат квалитетна здравствена услуга.
Во предходните години преку 10.000 пациенти имаат побарано помош и се испратени на лекување во Турција. Секојдневно добиваме писма со изразена благодарност од семејствата и пациентите  кои се лекуваат во Санте Плус болниците во Турција.