Хемотерапија, Хипертермија, Брахитерапија

 

Хемотерапија

 

Терминот хемотерапија означува `третман користеќи лекови`. Хемотерапијата се користи за третирање на многу онколошки заболувања(малигни тумори). Лековите кои се коритатт при хемотерапија превенираат можност да карциноматозните клетки растат и се размножуваат. Може да биде третман каде ќе се користи еден лек или комбинација од повеке лекови. Начинот на апликација е различен, може да биде орален, интрамускулен, интравенски, подкожен или да се аплицира директно во одредени органи и ткива. Во Санте Центарот за Онкологија хемотерапијата ја спроведуваат специјалисти по медицинска онкологија и специјално обучени медицински сестри.

Хипертермија

Хипертермијата го завзема местото во помеѓу останатите методи за третирање на карциноми, благодарение на успешни резултати добиени при многу направени клинички испитувања во изминатите години. Постојат два начини на спроведување локална –регионална или хипертермија на цело тело.

Се смета дека се обезбедува дополнителен ефект кога е пласирана во комбинација со радиотерапија, резултираќи поради фактот дека хипооксичните клетки и оние во С-фаза се почувствителни на топлина. Исто така се демонстрира радиосензитивен ефект

 

 со зголемување на оксигенацијата при зголемување на крвен проток. Се смета дека цитостатскиот ефект се зголемува како резултат на зголемување на крвниот проток и мембранската пропустливост поради локалното загравање , кога оваа техника се користи во комбинација со хемотерапијата.

 

Брахитерапија

Нова технологија на линеарниот акцелератор се користи за надворешни третмани. Ова овозможува длабинско и површинско третирање на туморот. Во брахитерапијата се користат, апарати со високи дози на брзи радиоизотопи. Со помош на оваа апаратура се овозможува испраќање на високи третмански дози на озрачување на мало растојание на многу тумори, особено при третирање на карциноми на матка и цервикс на матка.